25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИндиска компанија веќе е поскапа од „Exxon Mobil“

Индиска компанија веќе е поскапа од „Exxon Mobil“

Индиската компанија „Reliance Industries Ltd.“ успеа да ја престигне „Exxon Mobil“ според пазарната проценка и со тоа веќе се најде на второто место меѓу најскапите енергетски компании во светот, пишува „Bloomberg“. Далеку напред во моментот е „Saudi Aramco“, која се проценува на 1,75 трилиони долари.

По порастот од 4,3% во цената на акциите на „Reliance Industries“ во петокот, компанијата контролирана од Мукеш Амбани сега е вредна 189 милијарди американски долари.

Во меѓувреме, „Exxon Mobil“ загуби една милијарда долари од својата вредност и во моментов има пазарна капитализација од 183 милијарди долари.

„Reliance“ ја контролира и управува најголемата рафинерија за нафта во светот. Денес, акциите на компанијата додаваат уште 2% на нивната вредност, откако објави пораст од 46% од почетокот на 2020-та година. Акциите на „Exxon“ паднаа за 39% во првите седум месеци од годината.

Енергетскиот бизнис на „Reliance“ обезбедува околу 80% од приходите на компанијата. Сепак, Претседателот на Одборот на директори Мукеш Амбани постави цел да ја развие дигиталната единица на компанијата, а досега успеа да привлече инвестиции од над 20 милијарди американски долари за „Jio Platforms Ltd“.

Големи инвестиции беа обезбедени од „Google“, „Facebook“ и „Amazon“, како и голем број на водечки хеџ фондови.

Од почетокот на годината, Мукеш Амбани го зголеми своето богатство за 22,3 милијарди долари, а во моментов се наоѓа на петтото место меѓу најбогатите луѓе во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП