22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИДури 77 се заинтересирани за купување делови од пропаднатата Wirecard

Дури 77 се заинтересирани за купување делови од пропаднатата Wirecard

За купување делови од банкротираната компанија на германскиот процесор за плаќање Wirecard, постои голем интерес.

Стечајниот управник Мајкл Џафе гледа добра шанса за продажба на основниот бизнис со плаќање со картички и покрај масовните обвинувања за измама против компанијата.

За тоа веќе се пријавиле 77 заинтересирани страни, кои во следниот чекор треба да ги разгледаат книгите, изјави Џафе во привремениот извештај, пренесува n-tv. – Убедени сме дека ќе најдеме инвеститор за основниот бизнис кој нуди значајни претприемачки можности на брзорастечкиот пазар.

Меѓутоа, многу понудувачи во оваа фаза се пријавија само внимателно да ја погледаат конкуренцијата. Бизнисот со издавање кредитни картички и порамнувањето на онлајн трансакции се стабилизира за време на банкротот, „и покрај исклучително тешката почетна состојба“, изјави Џафе. Ликвидноста се обезбедува дури и без голем заем.

Wirecard AG и неколку подружници пропаднаа на крајот на јуни, откако состојбата на сметките во висина од 1,9 милијарди евра се покажа лажна.

Државното обвинителство го истражува поранешното управување на компанијата од водечкиот индекс на германската берза DAX, предводена од извршниот директор Маркус Браун, пред се поради заедничка измама. Браун и уште двајца поранешни менаџери се во притвор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП