1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple ќе прави телефони од „течен метал“?

Apple ќе прави телефони од „течен метал“?

metal

Научниците веќе долго време експериментираат со т.н. метално стакло, но никој не успеа да го примени во изработката на електронските уреди.

Очигледно, „Apple“ ја пронајде неговата намена и еден ден можеби ќе го прави „iPhone“ токму од оваа необична легура.

Досега проблемот беше во тоа што „Vitreloy“ или „Liquidmetal“, како што се нарекува, е многу тежок за обработка и поради тоа е многу скап. Тој не се вклопува во ниту една до моменталните методи на производство.

Меѓутоа со патентот на „Apple“ кој покрива различни начини на производство на „металното стакло“ и дебелини меѓу 0,1 mm и 25 mm, се чини дека пречките се совладани.

„Apple“ би можел да го користи за „iPhone“, „iPad“, часовниците и било кој друг електронски уред.

Нормално голем број од патентите не стануваат реалност. Сепак компанијата веќе произведува од овој метал игла за да се извади СИМ картичката, па поради тоа можеби сакаат да ја прошират неговата употреба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП