29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКорона кризата удри врз пазарот на недвижности – во вториот квартал за...

Корона кризата удри врз пазарот на недвижности – во вториот квартал за над 30 милиони евра помалку продаден недвижен имот

Корона кризата драстично го намали прометот со недвижности во вториот кваратал од годинава.

Така ако во првиот биле продадени недвижности вредни 151 милион евра, во вториот квартал за над 30 милиони евра паднал прометот и биле продадени недвижности за 120 милиони евра – покажуваат податоците на Агенцијата за катастар на недвижности. Драстичен пад има и во продажбата на станови. Така ако во првиот кваратл биле продадени станови во вредност од над 82 милиони евра, во вториот вкупниот промет бил 67 милиони евра, или над 15 милиони евра помалку. Има пад и во истргуваните метри квадратни. Па така ако во првиот квартал биле истргувани недвижности од речиси 8 милиони метри квадратни, во вториот квадратурата се преполовила и биле истргувани недвижности за 3,4 милиони метри квадратни.

Падот се гледа и кај продадената квадратура во станови. Па така ако во првиот квартал биле купени станови со вкупна квадратура од 116.000 метри квадратни, во вториот биле купени речиси 90.000 квадрати.

За само едно тримесечје продажбата на недвижности се намалила за 35%. Во екот на пандемијата, се реализирале скоро 3.200 продажби, односно за околу 1.700 помалку од претходниот квартал.

„За периодот 1 април 2020 година – 30 јуни 2020 година во Регистарот на цени закупнини се регистрирани вкупно 4.073 трансакции. Споредбено со првиот квартал од 2020 година, во овој квартал има регистрирано 3.085 трансакции помалку, што укажува на пад на пазарот на недвижности во однос на обемот на тргување. Во овој период во Регистарот на цени и закупнини се впишани 2.395 купопродажби на недвижности, 681 продажби од инвеститор и 113 откупи од Република Македонија, во овој квартал се регистрирани и 8 продажби на недвижности по пат на лицитација, односно вкупен број од 3.197 продажби што претставува пад за 1.738 продажби во однос на првиот квартал од 2020 година. Што се однесува до закупите, регистрирани се 876 закупи  што претставува пад во однос на закупите од претходниот квартал за 1.347 трансакции. Може да се забележи дека 59% од трансакциите со недвижностите се однесуваат на купопродажби, додека 21% од трансакциите се однесуваат на закупи на недвижен имот и заедно сочинуваат 80% од вкупниот пазар со недвижности“, стои во извештајот на Агенцијата за катастар на недвижности.

Споредбата по месеците во вториот квартал покажува дека пазарот на недвижности заживува дури во јуни. Па така тогаш има најголем број трансакции – 1.799. Најмалку трансакции се регистрирани во мај и тоа 1.135, додека во април се регистрирани 1.139 трансакции.

Во периодот април – јуни 2020 година, на целата територија на земјава се продадени 681 новоизградени станови што е за 38 станови помалку од првиот квартал во 2020 година. Заклучно со јуни пак на целата територија на државата има 6.436 станови кои се изградени, а сè уште не се продадени и се нудат на пазарот на недвижности. За разлика од минатиот квартал, во овој квартал има зголемување на непродадени станови. Исто така, во Агенцијата за катастар на недвижности се издадени 12.902 листови за предбележување на градба што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на пазарот на недвижности.

Може да се констатира дека бројот на новоградби моментално ја задоволува побарувачката на нови станови“, стои во извештајот на Агенцијата за катастар на недвижности.

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП