23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNvidia сака да ја преземе ARM

Nvidia сака да ја преземе ARM

Како што е веќе познато, јапонскиот конгломерат Softbank во продажба ја стави британската компанија ARM, која се занимава со дизајн на чипови. Веднаш потоа, се појавија информации за компании кои се заинтересирани за евентуално преземање на ARM.

Во извештајот објавен од Bloomberg како една од главните заинтересирани компании се спомнува Nvidia, додека компанијата со седиште во Купертино, наводно, не покажала интерес за преземање на ARM.

Веста за Nvidia може да се поврзе и со фактот дека Vision Fund (најголемиот фонд на вложување во капитал во светот) беше еден од најголемите инвеститори токму во Nvidia, но својот удел го продадоа на почетокот на минатата година за 3,6 милијарди долари во вредност на акции.

Портпаролите на ARM и Nvidia дадоа многу сличен коментар на оваа вест, нагласувајќи дека не сакале да ги коментираат гласините и шпекулираат како ова.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП