24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамалете го времето пред екран и продолжете си го животот

Намалете го времето пред екран и продолжете си го животот

Ограничено гледање на телевизија и екраните на мобилните телефони, до два часа на ден, би можело да го намали ризикот од смрт, се резултатите од новото британско истражување, пренесува BBC.

Се покажа дека здравствените ризици поврзани со времето поминато пред екран, како што се карцином и кардиоваскуларни заболувања, биле на најниско ниво кога дневно тоа било два часа или помалку.

Студијата од Универзитетот во Глазгов опфатила скоро 500.000 учесници кои имале од 37 до 73 години.

Опфатен е периодот од 12 години, помеѓу 2006 и 2018 година.

Експертите тврдат дека потенцијално би можело да се спречи 5,62 проценти од сите смртни случаи и 7,97 проценти од оние кои се последица на кардиоваскуларни заболувања, ако времето пред екраните би било ограничено на два часа на ден.

Во студијата не било вклучено времето пред телевизиските екрани, туку времето кое луѓето го поминуваат гледајќи во екраните на мобилните телефони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП