25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЕкраните на смартфоните ќе бидат уште потенки и поотпорни на кршење, а...

Екраните на смартфоните ќе бидат уште потенки и поотпорни на кршење, а можеби и на коронавирус?

Сите знаеме кој е најранливиот дел од секој паметен телефон – стаклената површина. Дури и ако ја чувате и се грижите за неа, со текот на времето, на неа ќе се појават траги од гребење.

Телефоните кои имаат „Gorilla Glass“ на екранот се малку поотпорни од оние, честопати поевтините, што го немаат. Но, се чини дека паметните телефони наскоро би можеле да станат уште поотпорни.

Од „Corning“, компанија која ги прави „Gorilla Glass“, најави дека развиле нова верзија наречена „Victus“, која на идните генерации на паметни телефони ќе им понуди подобра заштита од гребнатини и пукнатини при паѓање, но исто така има и некои дополнителни (и многу актуелни) одлики.

Имено, „Corning“ анализира повратна информација од повеќе од 90.000 корисници и откри дека важноста на отпорноста на гребнатини и падови е двојно зголемена во последните години.

Кога телефонот паѓа на тврда површина, екранот често се распаѓа. Но, додека се развива подобро стакло, телефоните можат да преживеат повеќе падови, но исто така имаат и повеќе гребнатини на стаклото кои влијаат на јачината на „Gorilla Glass“. Затоа, наместо да се фокусираат на само еден аспект, овој пат се фокусиравме на две – издржливост и еластичност, посочуваат од „Corning“.

„Gorilla Glass Victus“ на тој начин треба да му обезбеди преживување на пад од два метри на екранот, да биде двојно поотпорен на гребнатини, но и потенок, што значи дека паметните телефони би можеле да бидат уште потенки во иднина.

Проблемот е во тоа што со заоблени паметни телефони, кои сè повеќе се на пазарот, заштитното стакло ја губи силата. Со цел заоблените (но и флексибилните телефони) да ја добијат заштитата што ја имаат класичните паметни телефони, потребно е да се направи флексибилно стакло. Од „Corning“ работат на тоа и се надеваат дека ќе можат да понудат ефикасно решение за производителите во иднина.

Интересно е што, „Corning“ работи и на стакло отпорно на микроби, а во моментов работи со компанија која прави заштитни куќишта, „Otterbox“, за да тестира дали е можно да се произведе заштитно стакло за екран што може да биде отпорно на коронавирусот. Ако успеат, таквата заштита може да се продава одделно или да биде заштитен знак на поскапите модели на паметни телефони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП