3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW ќе израдува 600 клиенти со специјална верзија на X7 (ФОТО+ВИДЕО)

BMW ќе израдува 600 клиенти со специјална верзија на X7 (ФОТО+ВИДЕО)

Компанијата „BMW“ ќе лансира нова верзија на својот најголем кросовер „X7“. Таа се нарекува „X7 Dark Shadow Edition“, а оние што сакаат да го поседуваат овој автомобил треба да побрзаат, бидејќи ќе пристигне во ограничено издание од 600 единици. Тие ќе бидат достапни ширум светот, од кои 75 се планирани за американскиот пазар.

„BMW X7 Dark Shadow Edition“ е обоен во темно сива боја – „Frozen Arctic Grey“. Оваа особено висококвалитетна верзија на бојата на каросеријата се користи за прв пат во семејството на моделите „BMW X“. Заедно со почетокот на производството на специјалниот кросовер, подобрената варијанта на лаковите „BMW Individual“ кои ќе биде достапна и во опсегот на опционална опрема за моделите „BMW X7“, „BMW X6“ и „BMW X5“.

Кросоверот исто така добива дополнителен пакет „Extended Shadowline“, кој додава сјајна завршница на елементите на вратите, основата на надворешните ретровизори, решетката на ладилникот и предниот браник. Издувните цевки добиваат дополнување од црн хром, сите комбинирани со 22-инчни „Jett Black“  тркала.

Темната кожа се користи за внатрешноста на овој „X7“, а елементи на црно полирано дрво ќе се појават на средишната конзола. Идните потенцијални купувачи на „SUV“ моделот ќе можат да избираат помеѓу две опции за вториот ред на седиштата – вкупно 3 места или две места со разделување.

Продажбата на ограниченото издание „Dark Shadow Edition“ ќе започне во август, а цената на автомобилот во САД ќе изнесува 120.490 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП