22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБарби го спаси кварталот на „Mattel“

Барби го спаси кварталот на „Mattel“

Култната Барби кукла повеќе пати му помагаше на својот производител „Mattel“ од нејзиното лансирање во 1959-та година, водејќи го низ движењето за граѓански права, Студената војна и подемот на Интернетот. Таа сега и помогна на компанијата да се справи со глобалната пандемија.

Иако продажбата во вториот квартал на „Mattel“ падна за 15 проценти во однос на претходната година, како резултат на затворањето на продавниците, проблемите со синџирите на снабдување и рецесијата, продажбата на куклите Барби се зголеми за 7 проценти на скоро 200 милиони долари. Околу една четвртина од продажбата помеѓу април и јуни отпаѓа на омилената играчка повеќе генерации.

Исто така, според истражувачката компанија „NPD“, куклата беше најпопуларна играчка во САД пет последователни недели за време на блокадата во земјата.

Продажбата на Барби помогнаа на резултатите на компанијата да ги надминат очекувањата на аналитичарите. Ова, за возврат, ги зголеми акциите на производителот за скоро 8% за време на крајот на тргувањето во четвртокот.

Популарноста на Барби покажува колку добро познатиот бренд може да се прилагоди на времето. Во последниве години, „Mattel“ лансираше кукли со различни висини, тежини и бои на кожата. Една петтина од куклите Барби продадени во серијата „Barbie Fashionista“ се црни – поголем дел од црната популација во Соединетите држави.

„Mattel“ се надева дека ќе го задржи моментумот со претстојниот филм за Барби во кој глуми номинираната за Оскар, Маргот Роби.

Продажбата на Барби е добра вест за компанијата, која го прави најголемиот дел од своите играчки во Кина. Таа мораше да затвори некои од нејзините фабрики порано во годината поради пандемијата на коронавирусот. На крајот на првиот квартал повеќето од малопродажните места на „Mattel“, кои сочинуваат 30 проценти од нејзината продажба, беа затворени, а исклучувањето на холивудските студиа ја забави работата на девет филмови засновани на нејзините брендови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП