25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNetflix тестира поевтини пакети: На кој уред најмногу гледате филмови?

Netflix тестира поевтини пакети: На кој уред најмногу гледате филмови?

Netflix тестира нови, поевтини пакети во Индија.

Оваа компанија воведе Mobile + план за оние претплатници кои сакаат стриминг со HD квалитет, но користат Netflix само на мобилен телефон, таблет или компјутер (не и на ТВ). Цената на овој месечен пакет е 349 индиски рупии (4,1 евра).

Тестирањето на новиот пакет за претплата доаѓа неколку месеци откако Netflix го откри планот во Индија само за мобилни уреди, со цена од 199 индиски рупии (2,3 евра).

Овој пакет, како што сугерира и неговото име, им овозможува на корисниците пристап до Netlflix само преку мобилен телефон, а квалитетот на стримингот паѓа на 480p.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП