24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„American Airlines“ објави загуба од 2,1 милијарди долари

„American Airlines“ објави загуба од 2,1 милијарди долари

Oткажувањето на летовите поради пандемијата на коронавирусот ја фрли американската авиокомпанија „American Airlines“ длабоко во зоната на загуба. Компанијата на крајот пријави загуба од скоро 2,1 милијарди долари во вториот квартал откако заработи 662 милиони долари во претходната година, соопшти компанијата, со седиште во Форт Ворт, Тексас.

„Ова беше еден од најтешките квартали во историјата на „American Airlines“, вели Даг Паркер од „CNBC“.

Бидејќи бројот на патниците падна за 86 проценти на годишно ниво на под 5,5 милиони, приходите паднаа за истиот процент на 1,6 милијарди долари. Спротивно на тоа, оперативните трошоци паднаа за само 62 проценти.

За да го обезбеди својот опстанок, компанијата собра 3,6 милијарди американски долари во свеж капитал, вклучително и преку издавање на нови акции, конвертибилни обврзници и обични обврзници. На крајот на кварталот, готовината на компанијата изнесуваше 10,2 милијарди долари. Во третиот квартал, меѓу другото, таа ќе додаде 4,75 милијарди долари финансиска помош од државата.

Компанијата исто така подготвува сериозни намалувања на персоналот. Околу една петтина од вработените можат да одат на неплатено принудно отсуство од октомври, се вели во соопштението на компанијата кое беше објавено минатата недела. 25.000 вработени веќе ги добија релевантните предупредувања.

Во замена за државната помош во висина од 25 милијарди долари, американските авиокомпании како „American Airlines“ требаше да се посветат да не го намалат персоналот до крајот на септември. Сепак, бидејќи ситуацијата во индустријата е сè уште несигурна и неодамна повторно се влошува како резултат на обновената ескалација на коронавирусот во САД, сега постои опасност од бран на технолошки вишок во текот на есента.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП