25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ„iPhone“ ќе добие перископ камера во 2022-ра година

„iPhone“ ќе добие перископ камера во 2022-ра година

„Apple“ ќе продолжи да ги подобрува фотографските способности на „iPhone“ и во наредните години ќе им обезбеди на потрошувачите нешто што корисниците на „Android“ веќе некое време го користат – камери со дизајн на перископ.

Ова го изјави познатиот аналитичар од „TF Secures“, Минг-Чи Куо, кој посочува дека „Apple“ ќе започне да работи со нови добавувачи на леќи за камерите.

Според него, во втората половина на оваа година и во 2021-ва година, најдобрите снабдувачи на вакви компоненти од Кореја и Кина, „Semco“ и „Sunny Optical“, ќе влезат во синџирот на снабдување на компонентите на „Apple“. И двете компании ќе обезбедат леќи со дизајн на перископ, но Куо верува дека „Semco“ ќе ги снабдува повеќето од овие компоненти за телефони во 2022-ра година.

Претходно, Куо напиша дека „Apple“ планира да користи вакви леќи од сегашниот снабдувач „Genius Electronic Optical“, но очигледно плановите на компанијата се променети. Овој вид компонента им овозможува корисниците да додадет повеќе оптички зум на телефоните. На пример, „Huawei P40 Pro“ поддржува 5x оптички зум, а кај „P40 Pro +“ изнесува 10x.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП