21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ„Whirlpool“ добро се справува со коронакризата

„Whirlpool“ добро се справува со коронакризата

Производителот на уреди за домаќинство „Whirlpool“ објави дека значително се опоравил во јуни и ја зголеми својата прогноза за годината. Со ова, компанијата посочи дека штетата од пандемијата на коронавирус може да биде помала од очекуваната.

Извршниот директор Марк Битцер вели дека поради тоа што потрошувачите биле заклучени во нивните домови ги обновувале своите уреди во домот, особено во САД, каде повеќето продавници за реновирање на домот останале отворени.

„Луѓето трошат пари на кујни“, рече Битцер во интервјуто.

Цената на акциите на „Whirlpool“ се зголеми за 4,5% за време на последната берзанска трговија.

Сепак, компанијата соопшти дека нејзините глобални приходи од продажба се намалиле за повеќе од една петина во вториот квартал откако продавниците надвор од Соединетите држави се затвориле и имало пад на поправките за време на пандемијата.

Производителот на фрижидери, машини за миење садови и миксери „KitchenAid“ соопшти дека приходите паднале најмалку во Северна Америка, најголемиот пазар на компанијата, во споредба со другите региони. Исклучувајќи ги валутните флуктуации, приходите од продажбата во Азија се намалила за 34 проценти. Тие се исто така погодени и од блокадата во Индија. Во Северна Америка падот е 12%.

„Whirlpool“ очекува неговите глобални приходи да се намалат за најмалку 15% во оваа година. Претходно, компанијата очекуваше падот да биде најмалку 18%. Од „Whirlpool“ тврдат дека неодамнешното зголемување на бројот на случаи со ковид-19 во САД влијае на довербата и побарувачката на потрошувачите.

Во јуни, „Whirlpool“ соопшти дека ќе го намали бројот на вработени во САД, како и другите трошоци, компанијата соопшти дека покрај ова, како и поевтина суровина, очекува да заштеди повеќе од 500 милиони долари во оваа година.

Вкупниот приход на компанијата се намалил за 22% на 4,04 милијарди долари. Компанијата објави нето профит од 35 милиони и долари, за разлика од 67 милиони долари во истиот квартал од минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП