27 јуни, 2025
ПочетнаКОМПАНИИПластиката излегува од употреба: Пристигнуваат еколошки картички

Пластиката излегува од употреба: Пристигнуваат еколошки картички

Mastercard започнува одржлива картична програма за да ги префрли своите издавачи на картички во позелени алтернативи како што е рециклирана, биоразградлива и океанска пластика.

Годишно се произведуваат околу шест милијарди платежни картички – повеќето од нив се изработени од не-биоразградлива пластика како што е ПВЦ (поливинилхлорид). Заменети на секои 3-4 години, овие картички заедно придонесуваат за околу 5,7 милиони тони вишок пластика на депониите низ целиот свет.

Mastercard го започна Green Payments Partnership (GPP) во 2018 година за да и помогне на индустријата за плаќање да го намали своето потпирање на употребата на ПВЦ пластика во производството на картички.

– Нашата цел е едноставна: сакаме да им помогнеме на банките да им понудат на потрошувачите повеќе еколошки картички и преземаме конкретни чекори за да ја постигнеме таа промена, вели Аџеј Бала, претседател на Cyber & Intelligence Solutions(оддел внатре во Mastercard за креирање нови производи и сервиси). – На овој начин, им носи полза на сите – тоа е подобро за околината, подобро за работењето и ги задоволува потребите на потрошувачите.

Веќе, повеќе од 60 финансиски институции – вклучително и банки со повисок капитал, како што се DBS, Santander и Crédit Agricole – ќе започнат со издавање картички со одобрени материјали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар