1 јули, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ„Samsung“ го претстави „Galaxy Z Flip 5G“ (ВИДЕ0)

„Samsung“ го претстави „Galaxy Z Flip 5G“ (ВИДЕ0)

Веќе некое време е познато дека „Samsung“ подготвува „5G“ верзија на моделот на преклопување – „Galaxy Z Flip“, а се очекуваше дека тој ќе биде претставен на 5-ти август. Сепак, компанијата има други планови, па поради тоа се случи премиерата на овој уред.

Во принцип, смартфонот е скоро идентичен со својата „4G“ верзија, а покрај „5G“ можностите, тој го доби и новиот чипсет „Snapdragon 865+“ и малку повисока цена. Во САД тој ќе се продава за 1.450 долари, што претставува зголемување за 70 долари во однос на претходната генерација.

Продажбата ќе започне на 7-ми август, што е скоро веднаш по настанот на 5-ти август, каде очекуваме да ја видиме серијата „Galaxy Note20“ и неколку други производи во различни категории.

Уредот ќе биде достапен во две бои – „Mystic Grey“ и „Mystic Bronze“, а очигледно ќе биде достапен и во оние земји каде што има „5G“ мрежи.

Поддршката за „5G“ е изразена при работа со фреквенции под 6GHz, а покрај тоа уредот доаѓа со неколку мали подобрувања на софтверот што ги немаше во верзијата „4G“. Компанијата го подобри режимот „Flex“, што им овозможува на апликациите да го променат својот интерфејс кога уредот е преклопен на половина.

Оваа одлика сега ќе работи подобро со „YouTube“, а апликацијата за камера ќе поддржува и повеќе агли на отворање на двата дела на телефонот. „Samsung“ исто така ветува повеќе можности за функцијата „Edge Panel“ што ја знаеме од другите телефони на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП