26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Swarovski“ е принуден да отпушти 1.000 вработени

„Swarovski“ е принуден да отпушти 1.000 вработени

Концернот „Swarovski“ во текот на есента најавува сериозно намалување на работните места, а причината за тоа е кризата поради коронавирусот која влијаеше на финансиските резултати на компанијата.

Според информациите, од сегашните 4.600 вработени, „Swarovski“ ќе отпушти 1.000 лица.

Директорот на компанијата, Роберт Бучбауер, рече дека е болно, но тоа е одлука без алтернатива. На среден рок, како што беше речено, само околу 3.000 луѓе во „Swarovski“ ќе работат во Ватенс.

Имено, до 2022-ра година, според тиролскиот „Тагезејтунг“, компанијата планира да намали уште 600 работни места.

Во понеделникот, 200 вработени добија известување за отпуштање по електронска пошта, а тие се вработени во секторот маркетинг и продажба.

Како причина за отказот, од „Swarovski“ ја наведуваат кризата предизвикана од ковид-19, која тешко го погоди пазарот на луксузни производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП