29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLinkedIn гаси 960 работни места

LinkedIn гаси 960 работни места

Мрежата за вработување, LinkedIn, објави денеска дека ќе угасне околу 960 работни места, што е околу шест проценти од нејзината глобална работна сила, затоа што пандемијата од коронавирус и натаму влијае на пазарот на труд, пренесува BBC.

„Мрежата за вработување не е имуна на ефектите од глобалната пандемија“, напиша извршниот директор Рајан Рослански во пораката до вработените која јавно е објавена на платформата.

Тој додаде дека компанијата е „повредена затоа што помалите компании, вклучувајќи го и Linkedin, ќе вработуваат работници во иста количина како и порано“.

Намалувањето на работните места ќе бидат направени во одделите за глобална продажба и вработување, а извршниот директор изјави дека ова се единствените отпуштања која ги планира компанијата.

Рослански изјави дека вработените во Ирска, Велика Британија и Австралија веќе започнале консултации за потенцијалното влијание на пандемијата врз нивната работа, а персоналот во другите делови на светот ќе дознае за влијанието во наредните денови и месеци.

Тој додаде дека LinkedIn ќе инвестира во други области на бизнисот, што би резултирало со отварање на нови работни места, а фирмата „ќе работи со вработените под влијание на ова соопштение за да истражи нови можности“.

LinkedIn, кој е во сопственост на Microsoft, има канцеларии во повеќе од 30 градови низ целиот свет и вработува 16.000 луѓе.

Компанијата, која е со седиште во Калифорнија, работодавците ја користат за да најдат соодветни кандидати за работа, а вработените за барање нови работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП