18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGorenje на кинескиот пазар под брендот Gu Luo Ni

Gorenje на кинескиот пазар под брендот Gu Luo Ni

Gorenje го зајакнува своето присуство на кинескиот пазар, каде што годинашната прослава на 70-годишнината на компанијата е искористена како можност за претставување на брендот и неговите клучни предности на кинеските потрошувачи.

Gorenje со тоа го прилагодува брендот за производи од премиум сегментот, дизајниран под името Gu Luo Ni.

Hisense Gorenje го прилагоди името на брендот на изговорот и разбирањето на кинеските потрошувачи, како што е вообичаено во Кина за странски брендови.

– Со желба да им го претставиме брендот на кинеските потрошувачи на нивниот јазик, го воведовме нивното фонетско толкување на името Gorenje, објави компанијата.

Позиционирањето на брендот Gorenje на кинескиот пазар ќе биде поддржано од бројни активности со цел приближување на домашните апарати на Gorenje до што повеќе кинески семејства. Една од тие активности беше настанот за одбележување на 70-годишнината на Gorenje, кој неодамна се одржа во Пекинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП