3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната месечна исплатена нето-плата во мај изнесува 26.390 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во мај изнесува 26.390 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, изнесува 104.4.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (23.7 %), Образование (12.3 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (8.1 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (15.5 %), Градежништво (5.2 %) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (4.6 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2020 година, изнесува 26 390 денари.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП