8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ги продолжува дозволите за работниците кои доаѓаат од Западен Балкан

Германија ги продолжува дозволите за работниците кои доаѓаат од Западен Балкан

Секоја година во Германија предвидено е да пристигнат 25000 луѓе од Западен Балкан.

Специјалната дозвола, со која се дозволува пристигнување на економски мигранти од земјите од Западен Балкан во Германија, ќе биде продолжена во 2023 година, пренесува „Дојче веле“.

Така, на граѓаните на Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Србија и Косово и понатаму ќе им биде овозможено, без оглед на нивните квалификации за работа да допатуваат во Германија.

Секоја година во Германија предвидено е да пристигнат 25000 луѓе од Западен Балкан. Министерството за труд го проследи соодветниот нацрт до германската влада за усвојување. Луѓето од земјите од Западен Балкан можат да добијат виза за работа и да дојдат во Германија од јануари 2016 година – дури и без да го знаат германскиот јазик и без да имаат професионални квалификации.

Предуслов е апликантот да може да покаже договор за вработување со работодавец во Германија и дека постои согласност од Федералната канцеларија за вработување.

Апликантот мора да докаже дека претходно нема добиено социјална помош во Германија.

Оваа посебна регулатива е воспоставена заради големиот број на азиланти и требала да престане да важи до крајот на декември годинава.

Голем број работници од Западен Балкан, како што велат во круговите на германската влада, се вработени во градежништвото. Засега, „не постои тренд што ќе укаже на намалување на потребата за работна рака“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП