23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПромена на врвот: „TikTok“ ја загуби титулата најпопуларна апликација

Промена на врвот: „TikTok“ ја загуби титулата најпопуларна апликација

Со месеци „TikTok“ беше најпревземана апликација за „iPhone“. Таа ги воодушеви младите, а за време на пандемијата на коронавирусот за многумина беше главен извор за забава.

Меѓутоа, според податоците на аналитичката компанија „Sensor Tower“, во периодот од 1-ви април до 30-ти мај, местото за најпопуларна апликација го зазема „Zoom“, апликацијата за видеоконференција.

„Zoom“ е превземена 94 милиони пати, додека „TikTok“ има 71 милиони превземања.

Aналитичарите истакнуваат дека овој успех е исклучителна реткост, затоа што така „сериозна“ апликација ретко минува повеќе од 50 милиони превземања. Обично ваквите импресивни бројки се резервирани за видео-игрите или друштвените мрежи.

Доколку се соединат превземањата од двете продавници за апликации – „App Store“ и „Google Play Store“, тогаш може да се види дека „Zoom“, „TikTok“ и видео-играта „Pokemon GO“ се дел од елитниот клуб на апликации кои надминале повеќе од 300 милиони превземања во еден квартал.

Со оглед на тоа дека работите се уште не се вратени во „нормала“ и дека многумина се уште работат од дома, ќе биде интересно како понатаму ќе се одвива ова „натпреварување“ според бројот на превземања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП