19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Шеврон“ ја презема „Нобл Енерџи“ за 5 милијарди долари

„Шеврон“ ја презема „Нобл Енерџи“ за 5 милијарди долари

Американскиот енергетски гигант „Шверон“ соопшти дека има постигнато договор за купување на сите акции на компанијата „Нобл Енерџи“, со седиште во Хјустон“, за цена од 5 милијарди долари.

Понудената цена за „Нобл“ изнесува 10,38 долари по акција, што е повисокза за 7,5 проценти во однос на нивото на кое „Нобл“ го затвори тргувањето на „Вол Стрит“ во петокот.

Кога кон договорот ќе се вклучи и долгот на „Нобл“, вредноста на истиот би можела да изнесува околу 13 милијарди долари.

Со имотот на „Нобл“, компанијата „Шеврон“ ќе го прошири своето присуство во сливот Денвер-Џулсбург во Колорадо и Пермскиот басен ширум западен Тексас и Ново Мексико.

Покрај тоа оваа аквизиција ќе ги зголеми средствата на „Шеврон“ во источниот Медитеран и западна Афирка и ќе и донесе потенцијална годишна заштеда на трошоците во износ од 300 милиони долари, се наведува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП