9 декември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПилотите сега ќе ги служат патниците: Ги отпуштиле стјуардесите поради финансиски проблеми

Пилотите сега ќе ги служат патниците: Ги отпуштиле стјуардесите поради финансиски проблеми

Islander, националната авиокомпанија на Исланд, со седиште во Рејкјавик, одлучи да го отпушти екипажот во кабината, а наместо нив на патниците ќе ги служат пилотите.

Тие одлучија да ги отпуштат сите стујардеси и стујарди во обид да ја спасат компанијата од финансиските проблеми предизвикани од коронавирусот.

„Пилотите, сепак, нема да трошат многу време на туркање колички низ кабината, нудејќи пијалоци и оброци, бидејќи таа услуга е сведена на минимум поради вирусот“, ја соопштија таа одлука од Islander без преседан, по која дел од пилотите сега ќе се грижат за безбедноста на патниците во кабината.

Стјуардите и стјуардесите се одговорни за безбедноста на патниците и тоа е нивната прва и најзначајна улога во авиокомпанијата, за која минуваат низ неколкунеделна обука, така што, како што пренесуваат медиумите, останува нејасно како пилотите ќе успеат да се подготват за нова улога за два дена, бидејќи одлуката за отказ на екипажот во кабината е донесена во петокот, по долги неуспешни разговори со претставниците на синдикатот.

Business Insider наведува дека сè уште не е јасно дали таквата промена на улогите е дозволена во регионите во кои лета Islander, вклучително и САД и ЕУ, пренесува Business Insider.

Isladner е основана во 1937 година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП