2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДиректорите на германските автомобилски гиганти заработуваат 49 пати повеќе од вработените

Директорите на германските автомобилски гиганти заработуваат 49 пати повеќе од вработените

Платите на директорите на 30 компании вклучени во германскиот индекс „DAX“ за 2019-та година се намалија по втор пат. Во споредба со 2018-ма година, топ менаџерите добија во просек помалку од 0,3%, според германското здружение за заштита на хартии од вредност (DSW).

Сепак, ова не е причина за загриженост, бидејќи нивната просечна плата е 3,4 милиони евра годишно, пренесува „Automobil-industrie.vogel.de“.

Пресметките покажуваат дека платите на членовите на Одборот на директори на големите автомобилски компании се во просек за 49 пати поголеми од оние на обичните вработени. Според „DSW“, „Volkswagen“ им платил на своите директори во просек околу 5,7 милиони евра за 2019-та година.

Во исто време, обичен работник добива 66.000 евра, што значи дека топ менаџери во Волфсбург добиваат 86 пати повеќе.

Треба да се напомене дека приходот од 66.000 евра годишно е просечен за вработените кои се директно вклучени во производството. Нивните разлики исто така не се мали, бидејќи раководителите на одделни единици, сосема разбирливо, добиваат повеќе од обичните работници.

На пример, во „Cоntinental“, јазот помеѓу извршните директори и редовните вработени е исто така над просекот на индустријата. Минатата година членовите на одборот на директори заработија во просек 2,57 милиони евра помалку од другите топ менаџери на списокот на „DAX“. Сепак, оваа сума е 55 пати поголема од годишната плата на обичен работник во „Cоntinental“ – 49.000 евра.

За возврат, директорите на „Daimler“ добиваат просечно 3,36 милиони евра плата. Според „DSW“, ова е 44 пати повеќе од приходот на обичниот работник. Кај конкурентот „BMW“, директорите земаат најмалку 3,7 милиони евра, што е за 37 пати повеќе од просечниот приход на работниците во концернот (99.000 евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП