29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПредупредување до владите: Продолжете со поддршка на економијата и граѓаните

Предупредување до владите: Продолжете со поддршка на економијата и граѓаните

Владите ширум светот можеби нема да имаат друг избор освен да ги зголемат трошоците за поддршка на фирмите и домаќинствата и во следната година, наведува економистот на S&P Global Ratings.

Многу влади најавија големи количини на фискална поддршка за време на пандемијата. Но, некои земји покажаа „фискален замор“ и размислуваат да повлечат некои од стимулациите, изјави Шон Роах, економист од агенцијата за оценување рејтинг.

„Гледаме дека некои креатори на фискална политика размислуваат за повлекување на некои од своите мерки или можеби да им дозволат да истечат, а да не ги обноват. Тоа е прилично опасно да се направи кога побарувачката во остатокот од економијата и понатаму останува прилично намалена“, изјави тој за CNBC.

Тој очекува и се надева дека некои од тие фискални мерки ќе бидат обновени и продолжени и следната година. Тоа ќе значи повеќе фискално олеснување, но во моментов за тоа нема алтернатива.

Роах објасни дека дополнителното трошење ќе ги влоши билансите на владата, но дека е неопходно „да се спречат работите да станат уште полоши“.

Тоа особено се однесува на ситуации кога властите преземаат активности со кои се ограничува економската активност за да се спречи ширењето на вирусот, во отсуство на вакцина или лек.

S&P Global Ratings на почетокот на овој месец ја намали својата прогноза за глобалната економија. Сега очекува пад на глобалниот БДП за 3,8 проценти оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП