26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕве кои авиокомпании во моментов најмногу летаат во Европа

Еве кои авиокомпании во моментов најмногу летаат во Европа

Според податоците на пан-европската агенција за воздушен сообраќај Eurocontrol, на 15 јули најмногу летови од европските компании реализирал ирскиот Ryanair, 866, од вкупно 14.170 летови на тој ден.

На второто место се најде Turkish Airlines со 568 летови, а следат унгарскиот WizzAir со 499 и Air France со 443 и германскиот Lufthansa со 403 летови.

Бројот на летови низ Европа бил помал за скоро 60 проценти во однос на истиот ден во 2019 година, поради ограничувањата за патувања кои беа воведени по ширењето на епидемијата од коронавирус.

Трите водечки аеродроми во однос на бројот на летови беа парискиот Charles de Gaulle со 655, амстердамскиот Schipol со 533 и Frankfurt Main со 511, според податоците на Europol.

На четвртото место се најде аеродромот Istanbul со 421 лет на 15 јули, додека атинскиот аеродром Eleftherios Venizelos отслужи 403 летови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП