17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕУ ја одложи проверката за спојувањето меѓу „LSE“ и „Refinitiv“

ЕУ ја одложи проверката за спојувањето меѓу „LSE“ и „Refinitiv“

Европските регулатори ја прекинаа проверката на понудата на Лондонската берза (LSE) за купување на истражувачкиот центар „Refinitiv“ за 27 милијарди долари. Одложувањето е потребно додека компаниите не ги достават сите потребни информации.

Суспензијата е во сила од 13-ти јули, објави во петокот Европската комисија, цитирана од „Reuters“.

„Оваа постапка во истрагата за спојување се активира ако страните не успеат да дадат навреме важни информации што комисијата ќе ги побара од нив“, велат од ЕУ.

Постапката ќе продолжи откако ќе се обезбедат потребните информации и ќе се продолжи преостанатото време за решение, при што рокот ќе се прилагоди според доцнењето.

Ваквите одложувања се вообичаени во постапките за спојување во ЕУ, но станаа почести во последните неколку месеци поради пандемијата на коронавирусот, бидејќи на компаниите им е потешко да ги добијат потребните информации.

„Thomson Reuters“, компанијата која е сопственик на „Reuters News“, има 45 проценти удел во „Refinitiv“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП