20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Microsoft“ го намалува персоналот со почетокот на новата фискална година

„Microsoft“ го намалува персоналот со почетокот на новата фискална година

Американската софтверска компанија „Microsoft“ објави дека ја намалува својата работна сила низ целиот свет и нејзините тимови во моментот кога компанијата влегува во својата нова фискална година на 1-ви јули, пренесува „Reuters“.

Гигантот од Вашингтон одбива да открие за какви позиции на работни позиции станува збор, ниту да го сподели бројот и на кои локации се наоѓаат.

Претходно, „ Business Insider“ напиша дека компанијата oтпуштила повеќе од 1.000 вработени во текот на оваа недела. Според статијата, погодени биле кадрите во порталот за мрежни вести „MSN.com“, кој се префрла на алгоритмот на вештачка интелигенција кој ја пополнува потребата од луѓе. Другите намалувања се во поделбата за облачни услуги – „Microsoft Azure“.

Во јули, „Microsoft“ објави дека ќе ги затвори своите физички продавници и ќе плати 450 милиони американски долари пред даноци за оштетување на средствата, како резултат на тековната пандемија.

Портпаролот на компанијата изјави дека е вообичаено компанијата да го преиспита својот бизнис бидејќи влезе во нова фискална година.

Во 2017-та година, компанијата намали илјадници работни места во исто време, бидејќи мина низ процес на реорганизација што влијаеше на тимовите за маркетинг и продажба во тоа време.

На крајот на април, резултатите од третиот квартал на „Microsoft“ ги надминаа предвидувањата за продажбата и профитот на „Wall Street “, благодарение на високата побарувачка за апликацијата „Teams“ и гејминг услугите „Xbox“, бидејќи светот помина повеќе време дома заради ковид-19.

Приходот на компанијата се зголеми за 15 проценти на 35,02 милијарди американски долари во третиот квартал, додека нето-добивката достигна 10,75 милијарди долари, или 1,40 долари по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП