26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДесетте најголеми зделки на Ворен Бафет

Десетте најголеми зделки на Ворен Бафет

Претходно овој месец, Ворен Бафет ја оствари својата најголема аквизиција од 2016-та година, но нејзината вредност не е ни приближна до најголемата зделка што досега ја има направено.

„Berkshire Hathaway“ за 10 милијарди долари ги купи активите на „Dominion Energy“, проширувајќи го своето портфолио на 100 милијарди американски долари.

Холдинг компанијата на Бафет, „Berkshire Hathaway“, располагала со 137 милијарди американски долари во готовина во очекување на профитабилен договор, откако коронавирусот ги намали пазарните оценки на многу компании. Некои компании побараа финансиска помош од „Berkshire Hathaway“ претходно за време на пандемијата, но Бафет рече дека пристапот до заеми од Федералните резерви ја исклучува можноста за стекнување на краток рок, пишува „Business Insider“.

Ова се 10-те најголеми аквизиции во историјата на „Berkshire Hathaway“:

10. „Marmon Holdings“

Вредност: 4,5 милијарди долари

На почетокот на 2008-ма година „Berkshire“ ја купува холдинг компанија основана од сегашниот гувернер на Илиноис, Џи Би Прицкер.

9. „Duracell“

Вредност: 4,7 милијарди долари

Купувањето на гигантот за батерии се случи во 2014-та година, откако „Proctor & Gamble“ реши да се ослободи од компанијата. „Berkshire “ го купи „Duracell“ во целост во акции на „P&G“, а неговиот трансфер не беше финализиран до почетокот на 2016-та година.

8. „NV Energy“

Вредност: 5,6 милијарди долари

Поделбата на „Berkshire“, која ја води енергетската дејност на компанијата, го купи провајдерот за комунални услуги со седиште во Лас Вегас, „NV Energy“, на почетокот на 2013-та година.

7. „Pacificorp“

Вредност: 9,4 милијарди долари

Истата дивизија, сега наречена „Berkshire Hathaway Energy“, ја купи енергетската компанија во 2005-та година.

6. „Lubrizol“

Вредност: 9,7 милијарди долари

Хемиската компанија, купена од „Berkshire“ во 2011-та година, беше под истрага од француските власти во 2019-та година, откако илјадници тони хемикалии изгореа во пожар.

5. „Dominion Energy“

Вредност: 10 милијарди долари

Откако се воздржа од голема зделка четири години, „Berkshire“ на почетокот на овој месец ги купи средствата на „Dominion Energy“, компанија поврзана со пренос и складирање на природен гас. Договорот вклучува стекнување на целосна контрола на „Dominion Energy Transmission“, „Questar Pipeline и „Carolina Gas Transmission“.

4. „General Reinsurance“

Вредност: 22 милијарди долари

Во еден од постарите договори на „Berkshire“ со вредност од повеќе милијарди долари, Бафет ја купи компанијата во 1998-ма година, пред да се спои со „Cologne Reза“ и да ја претстави новата компанија „Gen Re“.

3. „Kraft Heinz“

Вредност: 28 милијарди долари

„Berkshire“ и „3G Capital“ го купија производителот на кечап во 2013-та година пред да го спојат со гигантот за храна „Kraft“ две години подоцна.

2. „Burlington Northern Santa Fe“

Вредност: 34 милијарди долари

„Berkshire Hathaway“ на крајот на 2009-та година се здоби со контролен удел во железничката компанија. И покрај договорот вреден 34 милијарди долари, во него плус е вклучен и долгот од 10 милијарди долари, а што ја направи аквизицијата на „Burlington Northern Santa Fe” најголемата зделка во историјата на „Berkshire“.

1. „Precision Castparts“

Вредност: 37 милијарди долари

Договорот за „Burlington Northern Santa Fe“ е најголемиот, доколку се пресмета и долгот од 10 милијарди долари. Инаку, најголемата зделка на „Berkshire“ останува аквизицијата во 2016-та година на компанијата за индустриски производи „Precision Castparts“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП