26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОдлични резултати на Netflix, нето добивката е скоро тројно зголемена

Одлични резултати на Netflix, нето добивката е скоро тројно зголемена

Американскиот медиумски интернет гигант Netflix ги зголеми приходите од второто тримесечје за скоро една четвртина, привлекувајќи повеќе од 10 милиони нови претплатници.

Помеѓу април и јуни, приходите на Netflix скокнаа за скоро 25 проценти на 6,1 милијарди долари, се вели во извештајот објавен во четвртокот.

Нето добивката е скоро тројно зголемена, достигнувајќи 720 милиони долари.

Компанијата среде коронакризата привлече нешто повеќе од 10 милиони нови претплатници. Кога ќе се земе предвид и првиот квартал, бројката расте на 26 милиони.

Во текот на изминатата година, Netflix забележа 28 милиони нови претплатници.

Во Netflix предупредуваат дека трендот достигна врв, додавајќи дека во третиот квартал очекуваат „само“ 2,5 милиони.

„Растот се забавува затоа што потрошувачите го надминаа почетниот шок предизвикан од коронавирусот и ограничувањата на социјалните контакти“, објаснуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП