24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbnb на мета на критики затоа што бара од гостите да донираат...

Airbnb на мета на критики затоа што бара од гостите да донираат пари за домаќините

Компанијата за краткорочно изнајмување недвижнини, Airbnb претстави нова програма која ги охрабрува гостите да испраќаат “картичка на љубезност” која содржи парични донации на своите поранешни домаќини, на што гостите реагираа негативно.

Оваа програма е уште еден обид за ублажување на финансиските проблеми на изнајмувачите, во овој случај со собирање доброволни придонеси.

Портпаролот на Airbnb изјави дека 100 проценти од приходите од “картичките за љубезност” ќе одат кај домаќините.

“Во духот на повторното воспоставување на врски, развивме нова функција која им овозможува на гостите да испраќаат виртуелни картички со пораки за поддршка и охрабрување до домаќините кои им обезбедиле одлично гостопримство. Ако сакаат, гостите имаат можност да додадат доброволен финансиски придонес”, изјави портпаролот.

Програмата се најде под остри критики од луѓето на социјалните мрежи, кои велат дека на сличен начин се обидуваат да заштедат пари среде пандемија и се поставува прашањето зошто би требало да биде нивна одговорност да ги поддржуваат домаќините.

Домаќините, исто така го насочија својот гнев кон Airbnb, со став дека компанијата применила лоша политика за целосно откажување на сместувањето на почетокот на пандемијата, што ги чинело уште повеќе пари.

Airbnb во март соопшти дека ќе потроши 250 милиони долари за надоместок на домаќините за штетата предизвикана поради откажувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП