20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРезултатите на JPMorgan подобри од очекувањата

Резултатите на JPMorgan подобри од очекувањата

JPMorgan ја отвори сезоната за објавување на кварталните резултати во САД. Добивката од 4,69 милијарди долари е половина од истиот период минатата година. Сепак, ова е подобар резултат од тоа што се очекуваше.

Приходите (33,8 милијарди) исто така се подобри од предвидувањата. JPMorgan е најголемата американска банка по вкупните средства. Како прва голема финансиска институција која во јавноста ги претстави своите состојби помеѓу март и јуни, кога влијанието на епидемијата беше најлошо, во вторникот беше во уште поголем фокус на инвеститорите и на пазарот. Инвеститорите, се разбира, се заинтересирани за тоа како кризата влијае на банкарството и бизнис воопшто.

Стравувајќи од лошите кредити, JPMorgan обезбеди дополнителни 8,9 милијарди американски долари резерви, што беше делумно компензирано со неочекувано високиот раст на приходите (што е 79 проценти во однос на вториот квартал минатата година на рекордни 9,7 милијарди американски долари) во инвестициско банкарство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП