„Xiaomi“ е четвртата компанија која овие денови најавува значително зголемување на брзината на полнење.
Се поголем е бројот на компании чии паметни телефони имаат опции за брзо полнење од 100W или повеќе, или најавуваат дека наскоро ќе воведат. Токму тоа го направи и „Xiaomi“, која неодамна сертифицираше телефон со полнач од 120W.
Уредот е заведен под ознаката „M2007J1SC“, a ќе може да достигне 20V при 6A преку овој полнач. Кинескиот производител не ги објави останатите спецификации, освен тоа што станува збор за 5G телефон.
„Xiaomi“ е четвртата компанија која овие денови најави значително зголемување на брзината на полнење. Пред неколку дена тоа го направи компанијата „iQOO“, додека истото се очекува да го сторат според најавите и „Oppo“ и „Realme“, пишува „GSM Arena“.
„Lenovo“ за 22-ри јули го најави својот прв гејминг телефон – „Legion“, кој исто така би требало да има брз полнач од 90W.