25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTwitter профили на познати личности на мета на хакери и биткоин измами

Twitter профили на познати личности на мета на хакери и биткоин измами

Twitter профилите на познатите личности, вклучувајќи ги и Бил Гејтс и Илон Маск, како и големите американски компании како Apple, биле на мета на хакери кои се обиделе да ги измамат со криптовалути.

Во пораките, кои брзо биле избришани од насочените профили, ги покануваат корисниците да вложат биткоини на одредени адреси, по што, наводно, ќе им биде вратено двојно повеќе од износот.

Twitter соопшти дека ја „истражува“ ситуацијата, а извршниот директор на компанијата Џек Дорси изјави дека сите во Twitter се згрозиле поради тоа што се случило.

На мета на нападот биле, меѓу другото, профилот на раперот Канје Вест, поранешниот американски претседател Барак Обама, милијардерот Мајк Блумберг, како и поранешниот потпретседател на САД и кандидат на демократите на претседателските избори Џо Бајден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП