19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Apple“ нема да плати даноци во Ирска во вредност од 13 милијарди...

„Apple“ нема да плати даноци во Ирска во вредност од 13 милијарди евра

Европскиот суд на правдата ја поништи одлуката на Европската комисија (ЕК) да побара од „Apple“ да плати 13 милијарди евра даноци на Ирска, пишува „CNBC“.

Во август 2016 година, ЕК заклучи дека ирската влада му доделила нелегални даночни олеснувања на „Apple“ и наредила компанијата да надомести 13 милијарди евра.

Во тоа време, Европската комисија соопшти дека Ирска и дозволила на компанијата „Apple“ да плаќа „значително помалку даноци од другите компании во период од многу години“, што значи дека американскиот гигант имал право да плати ефикасна стапка на корпоративен данок од 1% од нејзината европска добивка во 2003 година, кој потоа паднала на 0,005% во 2014-та година.

Ирската влада и „Apple“ решија да ја обжалат одлуката на ЕК, како што велат од компанијата, наредбата за враќање на даноците е „спротивна на реалноста и здравиот разум“.

Ирска, „Apple“ и Европската комисија сега имаат два месеци да одлучат дали сакаат да поднесат жалба до последната пресуда на судот и потенцијално да го упатат случајот до најголемиот трибунал во Европската унија.

Случајот со американскиот технолошки гигант е особено важен и е клучен дел од напорите на ЕУ во борбата против даночните измами во последните години. Тоа може да влијае на начинот на кој Брисел ги третира другите компании во врска со оданочувањето.

Даноците одиграа уште поважна улога од кризата со Kовид-19. Бидејќи многу влади го зголемуваат трошењето, па тие ќе бараат нови извори на приходи во форма на даноци.

Во овој контекст, постои тековна расправа околу тоа дали Европската унија треба да има свој дигитален данок, такса за големите технолошки гиганти, со цел да се осигура дека плаќаат поправичен удел отколку повеќе традиционални бизниси.

Плановите на некои европски земји, вклучително и Шпанија, e да ги оданочуваат технолошки гиганти повеќе, поради незадоволство од страна на САД, кои тврдат дека данокот е дискриминаторски кон локалните компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП