18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДебитираше „BMW iX3“ – првиот електричен „SUV“ на производителот од Баварија (ФОТО+ВИДЕО)

Дебитираше „BMW iX3“ – првиот електричен „SUV“ на производителот од Баварија (ФОТО+ВИДЕО)

Компанијата „BMW“ со мало задоцнување зад конкурентите пристигнува на пазарот на електрични „SUV“ возила.

Баварците го претставија долго најавуваниот „iX3“, чии фотографии, случајно или не, претходно се појавија на интернет.

Автомобилот е базиран на актуелниот „BMW X3“, a е опремен со погонска батерија со капацитет од 80 kWh.

„BMW iX3“ го придвижува електричен мотор од 285 KS и 400 Nm, a возилото е во сосојба да помине до 460 km со полна батерија, мерено според „WLTP“ стандардот.

Моќта на електромоторот се пренесува само на задните тркала, па може да се каже дека ова е „BMW“ со традиционално поставување на погонот.

Oд 0 дo 100 km/h моделот „BMW iX3“ стигнува за 6,8 секунди, додека максималната брзина е ограничена на 180 km/h.

Возилото е компатибилно со брз полнач дo 150 kW, и може да се дополни до 80% капацитет за 34 минути.

Од „BMW“ велат дека батеријата за само 10 минути може да се дополни за следните 100 km возење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП