25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Boeing“ испорача само 20 авиони во вториот квартал

„Boeing“ испорача само 20 авиони во вториот квартал

Американскиот производител „Boeing“ испорача само 20 авиони во вториот квартал, што не е неочекувано, но исто така и не е добро.

Сагата околку моделот „737 MAX“ и глобалната пандемија на коронавирусот продолжуваат да им нанесуваат штети на овој производител на авиони.

„Boeing“ ги објави податоците за испораки на месечно ниво, така што кај кварталните резултати нема особена драма.

Сепак, 20-те авиони испорачани од „Boeing“ се најмалиот квартален број од 1963-та година.

За споредба, „Boeing“ има испорачано 149 авиони во вториот квартал од 2019-та година и 184 авиони во вториот од 2018-та година.

Пандемијата е еден проблем, а „737 MAX“ е друг. Проблематичниот „Boeing 737 MAX“ останува приземјен низ целиот свет по две катастрофални несреќи во рок од пет месеци.

Акциите на „Boeing“ паднаа скоро за 20% по втората несреќа во март 2019-та година до крајот на минатата година, пишува „MarketWatch“.

Глобалната пандемија ги девалвираше акциите на компанијата за околу 46% од почетокот на 2020-та година. Помалку луѓе патуваат со авион, што значи намалена побарувачка за производи на „Boeing“ во иднина.

Целиот ланец на снабдување во воздухопловната индустрија, од снабдувачи до авиокомпании, се соочува со истиот проблем со ковид-19. Акциите на овие компании се намалени во размер сличен на оние на „Boeing“ во оваа година.

„Boeing“ е исто така главен изведувач во областа на одбраната, па компанијата има доставено само нелку хеликоптери „Apache“ и „Chinook“, како и борбените авиони „F-15“.

Компанијата ќе го претстави својот целосен финансиски извештај на 29-ти јули. Аналитичарите очекуваат загуба од околу 2,12 американски долари по акција при продажба од 14 милијарди американски долари, што се очекува да падне скоро на 10% на годишна основа.

Во вториот квартал, компанијата беше сериозно погодена од проблемите со „737 MAX“. Неговата продажба за второто тримесечје од 2018-та година беше над 24 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП