18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстрија го прекинува авиосообраќајот со земјите од Западен Балкан

Австрија го прекинува авиосообраќајот со земјите од Западен Балкан

Со цел сузбивање на пандемијата од коронавирус, Австрија го прошири списокот на земји за кои важи забраната за слетување на австриските аеродроми на сите земји од Западен Балкан.

Новата уредба на Министерството за здравство го прошири списокот од осум на 18 земји.

Од четврток на австриските аеродроми нема да можат да слетуваат авиони од сите земји на Западен Балкан, Бугарија, Романија, Молдавија и Египет.

Претходно, веќе беше на сила забраната за летови од Белорусија, Кина, Велика Британија, Иран, Португалија, Русија, Шведска и Украина.

До крајот на јули ќе бидат откажани летовите од и кон Белград, Букурешт, Каиро, Подгорица, Сараево, Србија, Скопје, Софија, Тирана и Варна.

Според уредбата, постојат исклучоци, но во тоа спаѓаат само „летови во интерес на Австрија“, како и слетување на карго-авиони, авиони кои ги пренесуваат болните или ги враќаат австриските граѓани, односно превоз на медицински сестри, и работници за помош во земјоделство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП