27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголемите светски банки се во Кина, HSBC најголема во Европа

Најголемите светски банки се во Кина, HSBC најголема во Европа

Најголемите светски банки се лоцирани во Кина, покажува ранг листата на магазинот The Banker.

Industrial & Comercial bank of China, со седиште во Пекинг е најголемата банка во светот во однос на средствата, депозитите, бројот на клиенти и вработени. Таа исто така, е рангирана на првото место според капиталниот обем на Tier 1. Средствата на Industrial & Comercial bank of China надминаа 4,3 трилиони долари на крајот на 2019 година.

China Construction Bank и Agricultural Bank of China се на второто и третото место, а четврта е Bank of China.

На листата на The Banker според Tier 1 стапката на капитал следат американските банки JPMorgan Chase на петтото, Bank of America на шесто, Wells Fargo на седмо и Citigroup на осмо место.

Дури на деветтото место е најголемата европска банка, британската HSBC Holdings.

На листата на најголеми европски банки според истите критериуми, HSBC ја следи француската Credit Agricole, по што следат BNP Paribas, Banco Santander и Grouppe BPCE.

Barclys се рангираше пред UniCredit на шестото место, осма е Credit Mutuel, а топ 10 ги заокружуваат Societe Generale и Deutsche Bank.

UniCredit (на седмо место во Европа и на 29-то во светот) подобро е рангирана од нејзината италијанска конкурентска, Intesa Sanpaolo bank која е на 15-то место на европската листа, а 39-та во светот.

Руската Sberbank, 27-та во светот, го задржа првото место меѓу најголемите банки во Централна и Источна Европа.

The Banker, во сопственост на Financial Times, е водечки светски банкарски и финансиски ресурс, кој се чита во повеќе од 180 земји. Списанието годишно објавува список на топ 1000 светски банки, препознавајќи ги глобалните лидери во индустријата според нивните достигнувања. Банките се проценуваат според Tier 1 капитал, средства, коефициент на капитал/средства, раст на реална добивка, профит на просечен капитал и поврат на средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП