23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКоронавирусот го зголемува корпоративниот долг за рекордни 1 трилион долари во 2020-та...

Коронавирусот го зголемува корпоративниот долг за рекордни 1 трилион долари во 2020-та (ИНФОГРАФИК)

Компаниите ширум светот оваа година ќе го зголемат својот долг до 1 трилион долари во обид да ги стабилизираат своите финансии среде пандемијата на коронавирус. Ова го покажува новото истражување меѓу 900-те водечки меѓународни компании.

Со овој невиден раст од 12%, глобалниот долг на компаниите ќе достигне 9,3 трилиони долари, пренесува „Ројтерс“. Ова е уште едно зголемување што се додава на акумулираните долгови на компаниите во претходните години, од кои дел должат исто колку и некои земји.

Минатата година беше забележано зголемување од 8 проценти предизвикано од серија спојувања и аквизиции, како и финансирање за откуп на акции и дивиденди. Оваа година, сепак, причината е радикално различна.

„Коронавирусот промени сè“, рече Сет Мејер, менаџер за портфолио во „Janus Henderson“, компанија која подготвува анализа за индексот на корпоративниот долг. „Сега прашањето е да се зачува капиталот и да се изградат зајакнати биланси“, рече тој.

Од јануари до мај компаниите позајмиле 384 милијарди долари од берзата, а според Мејер, во последните неколку недели е поставен нов рекорд за издавање на долг од страна на ризични компании со низок кредитен рејтинг.

Пазарите на обврзници ги прифатија само нивните најверни компании во март, но потворно се отворија програми на централните банки за купување долг на итни случаи, како што се Федералните резерви, Европската централна банка и Банката на Јапонија.

Компаниите вклучени во индексот веќе должат скоро 40% повеќе отколку во 2014-та година, со зголемувањето на обврските далеку пред растот на профитот.

Добивката пред даноци на истата група од 900 компании се зголеми минимално – за 0,1% на 2,3 трилиони долари

Американските компании должат скоро половина од светскиот корпоративен долг – 3,9 трилиони. Најголем пораст во последните пет години кај водечките економии, со исклучок на Швајцарија, каде што имаше голем бран спојувања и аквизиции.

Веднаш потоа е рангирана Германија со 762 милијарди долари. Таа исто така е дом на три од најзадолжените компании во светот. Тука е лидерот „Volkswagen“, кој должи 129 милијарди долари – скоро исто толку и земјите како Јужна Африка и Унгарија.

Во исто време, една четвртина од компаниите во индексот немаат обврски, а некои од нив дури имаат и значителни резерви на пари. Најголемата резерва и припаѓа на „Alphabet“, а изнесува 104 милијарди американски долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП