2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСтартуваше производството на првиот „Aston Martin SUV“ (ФОТО+ВИДЕО)

Стартуваше производството на првиот „Aston Martin SUV“ (ФОТО+ВИДЕО)

Британскиот производител „Aston Martin“ по пет години од првата најава и премиерата на концептот, конечно го започна производството на својот прв „SUV“ модел.

„Aston Martin DBX“ беше претставен кон крајот на 2019-та година, a првите сериски примероци од овој модел на почетокот на јули излегоа од фабриката во Велс.

„DBX“ за погон користи 4.0-литарски твин-турбо „V8“ кој го конструираше „Mercedes-AMG“.

Моторот произведува 550 KS (405 kW) и 700 Nm максимален вртежен момент.

Моќта се пренесува на сите 4 тркала со помош на 9-брзинскиот автоматски менувач, а на автомобилот му се потребни само 4,5 секунди да забрза од место до „стотка“.

Максималната брзина на ова возило изнесува 291 km/h.

Центата на Aston Martina DBX“ во Велика Британија започнува од 158.000 фунти, додека во Германија се продава за 193.500 eвра, а пак најевтинот модел во САД ќе чини 189.900 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП