19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДоговор вреден 850 милиони долари? Две конкурентски компании преговараат за соработка

Договор вреден 850 милиони долари? Две конкурентски компании преговараат за соработка

Јужнокорејскиот конгломерат Samsung Electronics започна преговори со ривалската компанија LG за купување на LCD ТВ екрани.

Samsung и LG започнаа преговори среде најавената транзиција кон производство на новаta генерација квантум дот екрани (QDD), денес објавија добро информирани корпоративни извори, јавува агенцијата Jonhap..

Оваа објава за можна соработка доаѓа откако Samsung на почетокот на оваа година објави дека ќе го запре производството на LCD екрани од 2021 година и ќе започне со производство и инсталирање на QDD екрани во своите телевизори.

Економските аналитичари проценуваат дека овој деловен договор помеѓу Samsung и LG би можел да вреди околу 850 милиони долари.

Иако овие две компании се конкуренти на светскиот пазар, претходното искуство покажа дека тие можат успешно да соработуваат, затоа што Samsung во 2017 година купи 65 и 75-инчни екрани токму од компанијата LG.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП