20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМаск не се откажува од новата фабрика во Германија - работа за...

Маск не се откажува од новата фабрика во Германија – работа за 10.500 работници

Во фабриката на Tesla во Германија, за која се подготвува градилиште во Грунхеиде, ќе бидат вработени 10.500 работници, а ќе се произведуваат со полн капацитет половина милион автомобили годишно во смени.

Изградбата на фабриката, која би требало да биде завршена до јули 2021 година, сè уште не е одобрена.

Во пријавата за дозвола на Tesla се наведуваат различни информации за бројот на вработените во смени. Се зборува и до 12.000 директни работни места. Според податоците од индустриските кругови, помеѓу 3.000 и 3.500 вработени ќе работат во една смена, во три смени дневно.

Tesla исчисти дел од областа на сопствен ризик и се подготвува за изградба. Апликацијата за одобрение за градење покажува дека компанијата ги проценува трошоците за изградба на околу една милијарда евра. Доколку бидат одобрени, градежните работи би требало да траат до март 2021 година. Почетокот на работата е планиран за јули 2021 година.

Критичарите стравуваат дека фабриката ќе има негативни последици по животната средина. Досега се примени 373 поплаки, а главните забелешки на еколозите се дека целиот проект има погрешно место, односно дека станува збор за област за заштита на водата и заштитен пејзаж среде недопрена природа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП