19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПо iPhone и следните андроид телефони можеби ќе доаѓаат без полнач

По iPhone и следните андроид телефони можеби ќе доаѓаат без полнач

Извештаите велат дека Apple можеби нема да го вклучи полначот во кутиите на iPhone 12 и iPhone 12 Pro подоцна оваа година. Таа одлука во последниве денови е жестоко критикувана, но сега се чини дека Samsung наскоро би можел да тргне по истите чекори.

Извори од индустријата тврдат за ET News дека Samsung размислува да ги отстрани адаптерите за напојување од некои кутии на смартфони.

Јужнокорејската компанија не донесе конечна одлука, но промените би можеле да се спроведат уште следната година.

Ако Samsung тргне во реализација на овие нови планови, првите уреди кои треба да се испорачаат без адаптерот за напојување во кутијата би можеле да припаѓаат на водечките линии на Galaxy S21 или Galaxy S30 кои би требало да пристигнат на почетокот на 2021 година.

Купувачите на овие паметни телефони веројатно ќе имаат неколку полначи од своите претходни телефони. Овие клиенти исто така имаат повеќе расположливи средства, што значи дека, дури и ако немаат стар полнач, купувањето нов не би требало да претставува огромен проблем.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП