Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ADIN 618.00 0%    ALK 12,350.12 -0.45%    FERS 61,000.00 1.67%    GRNT 962.84 -0.02%    INPR 1,500.00 0%    KMB 6,218.50 -0.84%    SBT 2,551.00 -1.92%    TETE 1,582.00 1.02%    TKVS 4,400.00 0%    

Како поседувањето сопствен дом ќе ви помогне за подобра финансиска стабилност?

Време: 12:53

Датум: јули 9, 2020

Категорија: КОМПАНИИ

„Речиси 10 години со моето семејство живеевме под кирија. Како е да се биде закупец знаат само оние што тоа го имаат искусено – селење од еден во друг стан, уништување покуќнина, немање можност да го опремиш станот онака како што сакаш. Тоа се маките за нас возрасните, а за децата дополнителни трауми носеше секое ново селење бидејќи ги губеа другарчињата и средината во која се имаат навикнато. А колку тоа финансиски чинеше? Со просечна кирија од најмалку 150 евра месечно – речиси 20.000 евра“. Вака раскажува Кирил Марковски кој реши да го промени својот живот и да инвестира во својата и иднината на своето семејство со земање станбен кредит и купување сопствен дом.

Тој објаснува дека иако биле свесни за огромните средства што ги даваат за кирија, порано не биле во можност да купат стан поради големото сопствено учество и високите камати на станбените кредити, што ги правеа ратите неиздржливи за нивниот семеен буџет. Меѓутоа, со оглед на промена на условите, тој неодамна реши да ја искористи најновата понуда на Халкбанк за станбен кредит со пакет полиса за  осигурување од Халк Осигурување АД Скопје кој е со 3,2% фиксна каматна стапка во првите 10 години и да создаде сопствен имот со купување стан.

„Ниската и фиксна каматна стапка што дава гаранција за иста висина на ратата во следните 10 години нѐ охрабри да одлучиме да земеме кредит со отплата на 30 години. Можеби некој ќе каже дека е тоа долг период, меѓутоа ако останевме толку години под кирија, тоа ќе значеше дека речиси 60.000 евра неповратно ќе дадевме за закупнина. Вака, ние всушност штедиме и создаваме сопствена вредност и капитал и за себе и за нашите деца“, вели Марковски кој додава дека освен материјална вредност, бесценети се прекрасните моменти со семејството и најблиските во сопствениот дом.

Новиот станбен кредит на Халкбанк нуди идеална можност за сите оние кои сакаат да купат стан, куќа, да вложат во деловен простор, или пак, да извршат рефинансирање на постоечки станбен кредит во друга банка.

Овој производ во моментов е со најповолни услови на пазарот, со ниска каматна стапка од 3,2% фиксна за првите 10 години и 4 процентни поени + променлива стапка на 6 месечен Еурибор за останатиот период и истиот е БЕЗ трошоци за проценка и БЕЗ трошоци за одобрување.

„Максимален износ на кредитот е до 140.000 евра, со рок на отплата до 30 години, постои можност за грејс приод од 12 месеци, а минимумот на учество изнесува 10% од бараниот износ. Посебна предност кај овој кредит е што со него клиентот добива и пакет полиса за осигурување што претставува заштита и за него и за целото семејство и истата покрива осигурување од незгода, во случај на траен инвалидитет над 30% или пак, во случај на неможност за враќање на кредитот поради смрт од незгода или друга причина“, велат од Халкбанк.

Затоа, искористете го новиот станбен кредит на Халкбанк и тргнете напред – кон создавање капитал, стабилност и отворање нови можности.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • А1 Македонија продолжува со подароци за своите корисници

    А1 Македонија продолжува со подароци за своите корисници

    Бенефити од користење на услугата Е-сметка и можност за подарок електричен велосипед Денеска заврши првиот од трите циклуси на извлекувања за седум електрични велосипеди, односно…

  • Втората по големина германска банка се движи кон годишна загуба

    Втората по големина германска банка се движи кон годишна загуба

    Пандемијата со коронавирусот најверојатно ќе ја втурне во криза и „Commerzbank“ во зоната на загуба. Во презентирањето на своите резултати за вториот квартал, банката предупреди…

  • „Ralph Lauren“ започна со реструктуирањето по тешкиот квартал

    „Ralph Lauren“ започна со реструктуирањето по тешкиот квартал

    Компанијата „Ralph Lauren“ размислува да ја ажурира својата оперативна структура, обидувајќи се да ја избегне судбината на дел од своите конкуренти во трговијата на мало,…

  • Халкбанк со инвестиција над 25.000 евра за поддршка на угостителскиот сектор

    Халкбанк со инвестиција над 25.000 евра за поддршка на угостителскиот сектор

    Преку кампањата „На наша сметка“ до ваучер од 500 денари за локалите клиенти на банката Како дел од својата заложба за поддршка на малите бизниси…

  • Витаминка АД Прилеп оствари повисока добивка за периодот јануари-јуни 2020

    Витаминка АД Прилеп оствари повисока добивка за периодот јануари-јуни 2020

    Витаминка АД Прилеп за периодот Јануари – Јуни  2020 година оствари добивка на износ од 9,456 илјади денари и е повисока во однос на истиот…

  • „Google“ купи 6,6% удел во компанија за домашна безбедност

    „Google“ купи 6,6% удел во компанија за домашна безбедност

    Американскиот интернет гигант „Google“ купи 6,6% удел во компанијата за домашна безбедност „ADT“ во договор вреден 450 милиони долари. Договорот ќе му овозможи на „Google“…

  • Германските банки ќе можат да исплатат дивиденди и покрај забраната на ЕЦБ

    Германските банки ќе можат да исплатат дивиденди и покрај забраната на ЕЦБ

    Германскиот финансиски регулатор ќе им овозможи на некои помали германски банки да исплатат дивиденди оваа година, дури и покрај тоа што Европската централна банка ги…

  • „HSBC“ предупредува на големите заостанати кредити – профитот падна за 82%

    „HSBC“ предупредува на големите заостанати кредити – профитот падна за 82%

    Британскиот доверител „HSBC Holdings Plc“ не успеа да ги исполни очекувањата за својот профит, бидејќи најголемата банка во Европа сигнализираше продлабочување на загубите од кредитите,…

  • Бафет купи акции за 1,7 милијарди долари од „Bank of America“

    Бафет купи акции за 1,7 милијарди долари од „Bank of America“

    Инвеститорот Ворен Бафет во јули купил акции вредни 1,7 милијарди долари од „Bank of America“, пренесува „Bloomberg“. Купувањата се реализирани преку „Berkshire Hathaway“, која веќе…

  • “Saudi Aramco” тргнат од тронот, “Apple” највредна компанија во светот

    “Saudi Aramco” тргнат од тронот, “Apple” највредна компанија во светот

    Саудискиот државен нафтен гигант повеќе не е највредната компанија во светот, тој мораше да ја предаде титулата на американскиот Apple. „Apple“ стана компанија со најголема…