28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСопственикот на Zara поседува недвижнини вредни 15,2 милијарди евра

Сопственикот на Zara поседува недвижнини вредни 15,2 милијарди евра

Сопственикот на светскиот ланец на продавници Zara, Амансио Ортега, се посвети на бизнисот со недвижнини, чија вредност е проценета на милијарди евра.

Според американското деловно списание Bloomberg, овој Шпанец поседува недвижнини, односно имот вреден 15,2 милијарди евра. Ортега има најголемо портфолио во споредба со другите европски богаташи.

Само минатата година, инвестирал 2,1 милијарди евра во разни видови недвижнини преку холдинг компанијата Pontegadea, во чија сопственост е  Zara Inditex SA. Во 2019 година Pontegadea имала нето приход во износ од 1,8 милијарди евра.

Ортега, кој е најбогат Шпанец, во Соединетите Американски Држави во последните неколку години инвестирал три милијарди долари во недвижен имот.

Тој поседува атрактивни недвижнини во Менхетен и во Мајами. Минатата година, неговата инвестициска компанија се согласила на договор вреден 72,5 милиони долари за изградба на хотел во центарот на Чикаго. Тоа се случило откако тој купил зграда во една од централните деловни зони во Вашингтон и две деловни згради во Сиетл.

Bloomberg потсетува дека Ортега бил син на железнички работник. Сега има богатство од 58,5 милијарди долари. За време на пандемијата од коронавирус, неговото богатство се намалило кога бил принуден да затвори одредени продавници.

Акциите на неговата компанија оваа година паднаа за 22 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП