25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung очекува значително поголема квартална добивка

Samsung очекува значително поголема квартална добивка

Јужнокорејскиот гигант за електроника Samsung во вторникот објави дека очекува значително поголем профит во вториот квартал, во голема мера благодарение на бизнисот со мемориски чипови.

Во периодот од април до јуни, добивката во основната дејност требаше на годишно ниво да порасне за 22,7 проценти, на 8,1 трилион вони (околу 6,8 милијарди долари), проценуваат во Samsung.

Приходите, би требало да паднат за 7,3 проценти, на 52 трилиони вони, бидејќи пандемијата од корона значително ја притисна побарувачката за неколку главни производи.

Samsung е лидер на пазарот во мемориски чипови, паметни телефони и телевизори.

На компанијата и понатаму и оди од рака големениот интернет промет за време на пандемијата и раст на побарувачката за мемориски чипови за сервери и персонални компјутери, бидејќи повеќе вработени работат од дома. Во такви околности, нивните цени се зголемија.

Samsung ќе објави детален деловен извештај за вториот квартал кон крајот на месецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП