29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУште една авиокомпанија настрада поради корона: Оди во стечај

Уште една авиокомпанија настрада поради корона: Оди во стечај

Уште една авиокомпанија настрада од коронавирусот. Романската нискобуџетна авиокомпанија Blue Air отпочна стечајна постапка.

Судот во Букурешт го одобрил барањето на оваа компанија да и се овозможи заштита од доверителите.

На барањето кое компанијата го испратила до надлежниот суд на 30 јуни, судот одговори позитивно и Blue Air сега има рок од 18 месеци да воспостави деловна реорганизација која ќе ја донесе до плус.

Во соопштението за медиумите, Blue Air изјави дека изгубила преку 100 милиони евра приход поради пандемијата од коронавирус COVID-19. Загубата ќе биде делумно надокнадена со пакет државна финансиска помош. Владата на Романија претходно одобрила 130 милиони евра помош за две домашни авиокомпанија, TAROM и Blue Air.

Во април, кога Blue Air официјално побарале државна помош, 90 проценти од вработените биле прогласени за технолошки вишок. Сепак, компанијата има намера во текот на јули да го обнови сообраќајот кон 29 дестинации, и кон 47 дестинации во блиска иднина, што ќе зависи од укинувањето на рестриктивните мерки во земјите каде лета.

Blue Air е приватна авиокомпанија со 100 проценти романски капитал. Располага со 29 авиони и освен во Романија, има бази во Велика Британија, Кипар и Италија. Лета кон повеќе од 100 дестинации во 20 држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП