27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНов раст на акциите на Netflix, компанијата достигна пазарна вредност од 219...

Нов раст на акциите на Netflix, компанијата достигна пазарна вредност од 219 милијарди долари

Акциите на Netflix на почетокот на оваа недела доживеаа нов пораст на рекордни 499 долари. Така, компанијата достигна пазарна вредност од скоро 219 милијарди долари.

Аналитичарот на Imperial Capital, Дејвид Милер проценува дека акциите на Netflix до сега пораснале за 50,2 проценти во однос на S&P 500, а во последните 18 месеци нивните акции пораснале за 81,6 проценти во однос на S&P 500 индексот кој во истиот период е зголемен за 26,1 проценти.

Успехот на Netflix е интересен за аналитичарите, а Милер наведе четири причини зошто Netflix станува се попопуларен и вреден.

Прво, „ова е едно од ретките S&P 500 имиња на кое сегашната епидемиолошка состојба нема економски ефект, нивните услуги во голема мера се отпорни на рецесија“. Покрај тоа, Netflix не е под закана кога станува збор за медиумскиот сектор, тој нема средства во форма на кабловска мрежа.

Коронавирусот директно ги погоди кината, но на Netflix тоа не влијае.

Конечно, тие имаа многу успех и поради тоа што значително се разликуваат од ривалот Disney +, за разлика од тој бренд Netflix има содржина од целиот свет, и со самото тоа е и попривлечен на повеќе места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП