ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за јуни 2020

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за јуни 2020

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.06 – 30.06.2020 година вкупниот промет изнесувал 445.771.892 денари и е намален за 6.36 отсто во однос на претходниот месец. 

Класичното тргување изнесувало 376.561.482 денари и е намалено во однос на мај за 12,08 отсто кога изнесувало 428.308.574 денари.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 293.017.457 денари и обврзници во вредност од 61.626.272 денари.

Блок трансакциите во јуни изнесувале 69.210.410 денари и се зголемени за 44,98 отсто во однос на мај.

Бројот на трансакции во јуни изнесувал 1.546 и е зголемен за 7,66 отсто во однос на мај кога изнесувал 1.436.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за јуни се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема Макпетрол АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за јуни 2020 година можете да го погледнете тука.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП